хрватска
ЗАГРЕБ | ЉУБЉАНА
Tермин: 05.12- 08.12.2025 Цена: 145€ / 8.990 ден.
ПРОГРАМА:
1 ден: 05.12.2025
Поаѓање во 19.00 часот преку Србија, ноќно возење со попатни одмори.
2 ден: 06.12.2025
Пристигнување во Загреб во утринските часови. Разглед на градот: Плоштадот Бан Јелачич, Уметничкиот Павиљон, Мимара, Хрватскиот народен театар, Загребската Kатедрала, Владата, Камената порта, Хрватското народно собрание, познатата слаткарница Ивица и Марица… Во попладневните часови сместување во хотел. Факултативен излет во најпознатото Божиќно село Салајланд во Чазма . Враќање во хотел. Ноќевање.
Појадок. Поаѓање (факултативен излет) за Љубљана. Разгледување на градот: Симболот на градот – Змејскиот Мост, Трите мостови на реката Љубљаница, Прешерновиот споменик во чест на најголемиот словенечки поет Франц Прешерн, Фрањевачката Црква или Црквата на Воведувањето на Пресвета Богородица која е уште еден симбол на градот, Робовата Фонтана или Фонтаната на трите реки-најпозната фонтана од бел мермер… Враќање во Загреб. Вечерта, повторно уживање во Божикниот базар во Загреб, празничната магија на градот, голем број на тезги нудат божиќни подароци, сувенири, традиционални ракотворби, разновидни пецива, ароматично греeно вино. Блескавите светла, шарените орнаменти и сезонските украси ја надополнуваат програмата со забавни и културни изведби на отворено. Враќање во хотел. Ноќевање.
4 ден: 08.12.2025
Појадок. Посета на шопинг центар “Arena Centar”, слободно време за индивидуални активности. Попладне, поаѓање кон Македонија. Пристигнување наредниот ден во раните утрински часови.
Во цената е вклучено:
– Автобуски превоз на релација Скопје-Загреб-Скопје
– Сместување во хотел 3* во Загреб на база 2 ноќевања со појадок
– Разглед на Загреб
– Посета на Божиќен пазар
– Посета на шопинг центар “Arena Centar”
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Во цената не е вклучено:
– Посета на Љубљана – 40€
– Посета на Божиќно село Салајланд (вклучена влезница) – 20€
– Патничко осигурување
– Туристичка такса – 5€ (по лице за две ноќевања
– Влезници за културно историски споменици
***ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ:
– ГРАНИЧНА ТАКСА ЗА ВЛЕЗ ВО ЕВРОПСКА УНИЈА 20€. Со ова туристичката агенција нема ништо. Еднаш платената такса од 20€ ќе важи три години или до истекот на пасошот. Со ЕТИАС ќе се дозволи вкупен престој до 90 дена во период од 180 дена.
Напомени:
– Агенцијата го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
– Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.
– Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови, вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање.
– Уплати се извршуваат исклучиво во денари (1€ = 62 денари)
– важат општите услови за патување на ТА Сафари
– агенцијата поседува A лиценца со регистерски број 13-5233/2
