Австрија | Унгарија

ВИЕНА | БУДИМПЕШТА

Термин: 05.12-09.12.2025                                                                                                    ЦЕНА: 155 еур / 9610 ден.

ПРОГРАМА:

1 ден: 05.12.2025 Скопје / Струмица – Будимпешта
Поаѓање од Македонија во попладневните часови. Патот води преку граничниот премин Табановце со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден: 06.12.2025 Будимпешта
Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Следува разглед на градот со локален водич: плоштадот на хероите, Парламентот, Кралската палата, Рибарската тврдина, Цитаделата, црквите Св. Стефан и Св. Матеј, улиците: Андраши, Ракоци и Ваци, мостовите на Дунав. Сместување во хотел. Слободно време. Во вечерните часови можност за посета на Божиќен базар. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден: 07.12.2025 Будимпешта – Виена – Будимпешта Појадок. По појадокот слободно време за индивидуални прошетки низ Будимпешта или можност за целодневна факултативна посета на Виена . Панорамски разглед на градот: плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург. Слободно време за индивидуални прошетки во центарот на Виена. Во договорено време враќање кон Будимпешта. Ноќевање.

4 ден:  08.12.2025 Будимпешта
Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и упатување кон прекрасното градче Сенат Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби и кое е богато со голем број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Следува разглед на градчето заедно со представникот од агенцијата…Слободно време за индивидуални прошетки и кафе . Во договорено време враќање назад во Будимпешта каде што следува крстарење со брод по Дунав (факултативно). По договор со претставникот, поаѓање за Скопје. Ноќно патување преку Србија, со попатни паузи за одмор и царински формалност

5 ден: 09.12.2025  Македонија
Пристигнување во Македонија во претпладневните часови. 

Во цената е вклучено:
– Превоз со туристички автобус
– 2 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Будимпешта
– Организација и реализација на програмата со лиценциран туристички придружнк

Во цената не е вклучено:
– Факултативи
– Патничко осигурување (задолжително)
– Влезници за културно-историски споменици
– Доплата за еднокреветна соба 8€
– Туристичка такса 2,5€ по лицена ноќ (се плаќа во агенција)

Напомени:
– Агенцијата го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање
– Резервација се прави со уплата на 30% од вкупниот износ на аранжманот
– Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
– Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата
– За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата
– Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови, вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање.
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници!

– Уплати се извршуваат исклучиво во денари (1€ = 62 денари)
– важат општите услови за патување на ТА Сафари
– агенцијата поседува A лиценца со регистерски број 13-5233/2

Струмица | Ул. Маршал Тито бр.5
                   Тел. +389 34 345 335
     Скопје | Бул. 11 Октомври 23б
                   Тел. +389 2 310 1999           Е-пошта | info@safari.mk

Повеќе од 30 години со Вас!

Следете не!